12 години лебдиме кон ЕУ | 12 vite lundrojmë drejt EU

Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) со задоволство Ве поканува да присуствувате на улична акција по повод навршување на 12 години од добивањето на кандидатскиот статус за членка на ЕУ на Р. Македонија со наслов „12 години лебдиме кон ЕУ“. Целта на акцијата е да се одбележи датумот на кој Р. Македонија го доби кандидатски статус за членство во ЕУ и да се потенцира фактот
дека 12 години нема напредок во евроинтеграцискиот процес. Настанот ќе се одржи на 17ти декември (недела), со почеток во 12.00 од Градскиот Плоштад во Тетово и 12.00 Плоштад Македонија во Скопје.

Би ни претставувало огромно задоволство доколку ни се приклучите на овој настан и придонесете кон неговиот квалитет.

https://www.facebook.com/events/1999728190248799/

*Овие улични акции се дел од Годишната програма на ЏЕФ Македонија што е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *