Загадување на животната средина, национален контекст и европски политики

Тетово е еден од најзагадените градови во Европа. Што презеде локалната, а што централната власт за решавање на проблемите? Веќе навршуваат 12 години од добивањето на кандидатскиот статус на Македонија за ЕУ. Колку Македонија е блиску до европските стандарди за животна средина? Тргнувајќи од овие дилеми Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) организира Проекција на кратки документарни филмови на тема „Загадување на животната средина, национален контекст и европски политики“. На проекцијата ќе бидат прикажани два кратки документарни филмови: „Црни бели дробови“ – кој се занимава со загадувањето на воздухот во Скопје, низ разговори со најзасегнатите од овој проблем и „50 години заштита на европската животна средина“- кој дава преглед на развојот на механизмите за заштита на животната средина во ЕУ.
По проекциите оставаме простор за дискусија со присутните и нашите дискутанти. Настанот ќе се одржи на 17ти декември (недела), во Салата за седници на Општина Тетово, со почеток на проекцијата во 18.00 часот.

https://www.facebook.com/events/1561862860574046/

*Овој настан е дел од Годишната програма на ЏЕФ Македонија што е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *