„Го следиме ли Прибе: Какво обвинителство ѝ е потребно на Република Македонија на патот кон ЕУ?“


Во Република Македонија во тек е постапката за избор на нов републички јавен обвинител. Истовремено, еден од најголемите предизвици за македонската демократија е реформата во правосудството. Деполитизацијата при одлучувањето и изборот на јавните обвинители и судииите претставува еден од итните реформски приоритети поставени од Европската комисија и клучна препорака на Групата експерти по право предводена од Прибе.

#ЏЕФдебата ја отвора токму оваа тема за дискусија. Какви реформи во правосудството ѝ се потребни на Македонија? Колку реформата во правосудството ќе помогне за враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ? Колку препораките на Европската унија се подобни за македонскиот правосуден систем? Во таа насока, кои ќе бидат приоритетите во работата на новиот Републичкиот јавен обвинител? Како новиот републички јавен обвиниел ќе се справи со недовербата во оваа институција која произлегува од обвинувањата за партизираност и селективност во работата? Каков треба да биде односот на Јавното Обинителство со Специјалното Јавно Обинителство? Зошто е важно Специјалното Јавно Обинителство да продолжи со својата работа?

На овие и други прашања ќе одговораат и дискутираат следните говорници:

– Г-ѓа Катица Јанева, Специјална јавна обвинителка;
– Г-ѓа Лидија Раичевиќ, јавна обвинителка во основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција;
– Проф. д-р Елена Андреевска, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово и една од кандидатите за Peпублички јавен обвинител;
– Проф. д-р Гордан Калајџиев, професор по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан I“ – Скопје (Универзитет Свети Кирил и Методиј – Скопје) и член на Советот за реформи во правосудниот систем при Министерството за правда; и
– Г-дин Жарко Хаџи-Зафиров, член на Советодавниот одбор на Институтот за човекови права и адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде.

*Оваа дебата е дел од Годишната програма на ЏЕФ Македонија што е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија

Ве очекуваме на 29.11.2017 (среда) во просториите на ГЕМ Клуб (Менада, Стара скопска чаршија) со почеток во 18:00 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *