јуни 29, 2017

Историјат

Здружението „Млади Европски Федералисти – Македонија“ (ЏЕФ Македонија) е основано на 04.09.1991. Првото име на ЏЕФ „Македонија е Млади Европски Федералисти на Македонија (МЕФМ)“. Здружението е основано на иницијатива на д-р Нано Ружин , кој воедно е избран и за прв претседател на МЕФМ. Во првиот тим на организацијата биле вклучени и актуалениот Претседател на Република Македонија, д-р. Ѓорѓе Иванов, како и уставната судијка, д-р. Наташа Габер-Дамјановска. Првите активности на организацијата се поврзани со примањето на истата за полноправен член на паневропската организација на Младите Европски Федералисти, денес позната и како ЏЕФ Европа. Во овој период, ЏЕФ Македонија организирала многу локални и национални дебати, а една од најпрепознатливите обележја на здружението станува 9ти Мај – Денот на Европа, настан кој здружението го организирал секоја година.
За втор претседател на здружението бил д-р Љупчо Караџинов, професор на Електротехничкиот факултет. За време на неговиот мандат, ЏЕФ Македонија станува придружна членка на ЏЕФ Европа во 1995, а во 1997 и полноправна членка. Во овој период ЏЕФ Македонија станала една од поактивните граѓански организации во Македонија. Здружението започнало со организирање на разни трибини, предавања, прослави по повод 9ти Мај – Денот на Европа, а како врв на сè поголемата ангажираност претставува и организирањето на првиот меѓународен семинар во Охрид во 1997 со учество на претставници од повеќе европски земји. Во овој, период ЏЕФ Македонија била една од најактивните членки на ЏЕФ Европа. Во 1998 здружението е организатор на повеќе активности меѓу кои може да се издвојат следниве: посета на штабот на УНПРЕДЕП (мисија на Обединетите Нации во Македонија) и неколку нивни набљудувачки места; организација на семинар во село Г. Врановци; учество на членови на младинските невладини организации и политичките подмладоци на Конгресот на Европа во Хаг по повод 50 годишнината на евроинтеграциските процеси; организација на вториот меѓународен семинар на ЏЕФ Македонија во Охрид на тема „Младите во изградбата на цивилното општество“.
Во 1998 година се одржале и редовните избори на ЏЕФ Македонија, на кои за претседател е избран Димитар Димитров. Во наредните години следува мала стагнација во работата на ЏЕФ Македонија, сепак значајно е да се спомене учеството на членовите на ЏЕФ Македонија на повеќе семинари Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шведска, Норвешка, Бугарија, Хрватска, СР Југославија, Словенија, Австрија, Унгарија и други. Важен за споменување е и фактот што во овој период ЏЕФ Македонија се вклучила во процесите на фомирање на Младински совет на Македонија.
Во 2000 е избрано ново раководство со Јован Петров како претседател. Во овој период се фомираат и нови локални секции на ЏЕФ Македонија во Битола, Струга и Штип. Сѐ на сѐ, во првата деценија на постоење на ЏЕФ Македонија, биле формирани над 10 локални секции низ Македонија, а во одредени моменти членството на здружението броело над 200 луѓе. Во овој период, здружението продолжило со прославите на Денот на Европа, а важни за споменување се и уличните акции во неколку македонски градови со цел промовирање на човековите права и идејата за обединета Европа. Во периодот помеѓу 2000 и 2004, ЏЕФ Македонија организирала повеќе настани низ Република Македонија, земала учество на повеќе меѓународни собири и настани насекаде низ Европа, а исто така остварува соработка со повеќе домашни и меѓународни организации и актери, како AEGEE Macedonia, Младинскиот Образовен Форум, Агенцијата за млади и спорт, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, ЏЕФ Европа и Советот на Европа. Во 2003, ЏЕФ Македонија се вклучува во Евронет – иницијатива за Европско движење, а исто така учествувала во консултативните состаноци со Агенцијата за млади и спорт чијашто цел било воспоставување на тогашниот Младински совет на Македонија. Во 2004, ЏЕФ Македонија се вклучила во организацијата на Balkan Training Days (BTD), проект поддржан од ЏЕФ Норвешка, со цел вмрежување, соработка и координација со балканските ЏЕФ-секции. Па така, ЏЕФ Македонија била коорганизатор на BTD Задар, Хрватска во 2003.
На 18.04.2004, вонредното Собрание на ЏЕФ Македонија го избрало Ангел Петров за нов претседател на организацијата. За време на мандатот на Петров, ЏЕФ Македонија остварува средби со претставници на тогашните власти и дипломатскиот кор, како Потпретседателката на Владата, Радмила Шеќеринска, Претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, претставници на тогашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, како и тогашниот амбасадор на СР Германија во Македонија. Прославите на Денот на Европа остануваат препознатливо обележје на здружението и во овој период. Во соработка и со поддршка на фондацијата „Конрад Аденауер“, ЏЕФ Македонија организирала билатерален семинар со ЏЕФ Баден-Виртемберг во Охрид и Скопје. ЏЕФ Македонија одржала и билатерален состанок со ЏЕФ Србија и Црна Гора со цел продлабочување на соработката. Во 2004, организацијата се јавила и како коорганизатор на BTD Неум, Босна и Херцеговина. Наредната 2005 година, ЏЕФ Македонија организирала неколку значајни проекти и настани, а важни за издвојување се: Европскиот Камп во Пелистер, на кој учествувале над 100 младинци; Европскиот час – серија на работилници со учество на над 100 младинци од 12 македонски градови; коорганизирање на BTD Будва, Србија и Црна Гора и други. За претседател на ЏЕФ Македонија во 2006 бил избран Адмир Ѓерлек.
Во првата деценија на 2000те, ЏЕФ Македонија била вмрежена во неколку домашни иницијативи како „Доста е!“ – платформа на над 130 организации кои промовираат дијалог, демократизација, децентрализација и демиталиразација, потем „Македонија без корупција“, „Европско Движење на Македонија и други. Важен за споменување е и фактот што експертите на организацијата учествувале и како предавачи и тренери на Школата за демократија во организација на Институтот “Фондација Отворено Општество Македонија“ и британската амбасада и, во соработка со МОСТ, како набљудувачи на парламентарните избори во 2006.

Лого на ЏЕФ Македонија
Лого

                         1991 – 2006                            2012 – 2017                   Од 2017                                       

 

Претседател                                                   Мандат
Нано Ружин                                                     1991 – 1994
Љупчо Караџинов                                         1994 – 1998
Димитар Димитров                                      1998 – 2000
Јован Петров                                                 2000 – 2004
Ангел Петров                                                 2004 – 2006
Адмир Ѓерлек                                                2006 – TBC

ЏЕФ Македонија е ревитализирана во 2012 на иницијатива на неколкумина млади активисти и ентузијасти од Куманово под името „Здружение Млади Европски Федералисти – Куманово“. Организацијата се возобновува како младинска, политичка, но не партиска, плуралистичка организација која е дел од поголемото семејство на национални младински федералистички секции организирано во ЏЕФ Европа. По ревитализирањето на организацијата во 2012, за претседателка е избрана Ивана Јордановска, која подоцна, во 2013, станува член на Извршниот одбор на ЏЕФ Европа. Во периодот помеѓу 2013 и 2015, ЏЕФ Македонија го проширува своето членство и во Скопје и Тетово. Во 2016, организацијата го менува името во „Здружение Млади Европски Федералисти – Македонија“.

Име и презиме                        Функција                                            Мандат
Стефан Маневски                 Генерален секретар                                   2010 – 2012
Ивана Јордановска              Член на Извршниот одбор                      2013 – 2015
Милош Ристовски                 Специјален советник за                            Од 2017
образование

Органи на Здружението во периодот помеѓу 2012 и 2017 се Извршниот и Надзорниот одбор, а посебна извршна функција е таа на Генералниот секретар. Во периодот помеѓу 2012 и 2017, Извршниот одбор го сочинуваат пет функционери – Претседател, Потпретседател, Финасиски Менаџер, Меѓународен Координатор и Координатор за членство. Надзорниот одбор го сочинуваат три члена од чиишто редови се избира Претседавач. Почнувајќи од 2012 па сѐ до статутарните измени на 02.08.2017, следните лица ги извршуваа функциите членови на Извршен Одбор и Надзорен Одбор и функцијата Генерален секретар на ЏЕФ Македонија.

Извршен одбор
Претседател
Ивана Јордановска (декември 2012 – ноември 2013)
Кристина Ангеловска, в.д. (ноември 2013 – март 2014)
Кристина Ангеловска (март 2014 – март 2015)
Сања Богатиновска (март 2015 – март 2017)
Сања Богатиновска (март 2017 – август 2017)
Сања Богатиновска, в.д. (август 2017 – септември 2017)

Потпретседател
Сања Богатиновска (март 2014 – март 2015)
Даниел Давковски (март – октомври 2015)
Марко Михаилоски, в.д. (декември 2015 – март 2016)
Марко Михаилоски (март 2016 – февруари 2017)
Симона Младеновска (март – јули, 2017)
Симона Младеновска, в.д. (јули – август, 2017)

Функцијата е укината на 02.08.2017

Финансиски менаџер
Дамир Незири (март 2014 – март 2015)
Дамир Незири (март 2015 – март 2017)
Дамир Незири, надворешен в.д. (март 2017 – август, 2017)

Функцијата е укината на 02.08.2017

Меѓународен координатор
Ана Топшиова (март 2014 – март 2015)
Кристина Димовска (март 2015 – март 2017)
Кристина Димовска (март 2017 – јули 2017)
Кристина Димовска, в.д. (јули 2017 – септември 2017)

Координатор за членство
Александар Илиевски (март 2014 – март 2015)
Тамара Петковска (март 2015 – март 2016)
Ања Бебековска (март 2016 – февруари 2017)
Марко Михаилоски (март 2017 – август 2017)
Марко Михаилоски, в.д. (август 2017 – септември 2017)

Надзорен одбор
Членови
Маринела Стефановска (март 2014 – март 2015)
Андреј Спасовски (март 2014 – март 2015)
Весна Поповска (март 2014 – март 2015)
Иван Николовски (март 2015 – март 2017)
Марко Михаилоски (март 2015 – декември 2015)
Мартин Наунов (март 2015 – декември 2015)
Ања Бебековска, в.д. (декември 2015 – март 2016)
Билјана Павлоска, в.д. (декември 2015 – март 2016)
Сибел Амет (март 2016 – на функција)
Билјана Павлоска (март 2016 – октомври 2016)
Симона Младеновска, в.д. (октомври 2016 – март 2017)
Иван Николовски (март 2017 – август 2017)
Ева Јованова (март 2017 – на функција)

Претседавач
Весна Поповска (март 2014 – март 2015)
Иван Николовски (март 2015 – март 2017)
Иван Николовски (март 2017 – август 2017)